Во богданското село Стојаково утре, на Први мај, Денот на трудот ќе се одржи атрактивната трка со магариња.
Културно-спортската манифестација ќе почне во 8 часот и 30 минути, со популарната трка со магариња по која ќе следува и трката со коњи. Потоа присутните ќе ги проследат трките на 100 метри за јуниори и сениори во женска и машка конкуренција, скокањето со вреќи, трката на 3.000 метри и натпреварот во влечење јаже.
Културниот дел од програмата ќе биде исполнет со настап на балетската група и КУД „Бранд Петрушев“ од Стојаково.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.