| четврток, 6 декември 2018 |

Долче и Габана осудени на 18 месеци затвор

dolche-i-gabana-rabotyat-varhu-parfyum-za-bebeta

Италијанските дизајнери Доменико Долче и Стефано Габана, на кои им се суди за затајување данок од околу 200 милиони евра, денеска се осудени на 18 месеци затвор. Пресудата ја објави апелацискиот суд во Милано, објавија италијанските медиуми.

– Останав без текст. Нема сомневање, ќе вложиме жалба – изјави адвокатот Масимо Диноија.

Модните креатори кои потекнуват од Сицилија се обвинети за непријавување на 200 милиони евра од една компанија од Луксеембург.

Во првостепена постапка уште во јуни 2013 година беа осудени на казна затвор од 20 месеци, бидејќи не пријавиле приход од една милијарда долари, пишува агенцијата „АФП“.

Долче (55) и Габана (51) негирале дека затаиле данок и минатото лето во знак на протест три дена ги затворија своите продавници во Милано.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top