СВР Куманово поднесе кривична пријава за П.Ј.(38) и за Н.Ј.(16), двајцата од Куманово, за сторено кривично дело насилство.
Пријавените на 2 април, околу 23.45 часот, на ул. „Благој Илиев Гуне“ во Куманово, влегле во куќата на Л.М. и насилно ја скршиле заклучената врата од собите во која биле Д.Ј.(34) и О.З.(36), двајцата од Куманово, по што физички ги нападнале нанесувајќи им телесни повреди и тие се пренесени во општа болница во Куманово, а по укажана лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.