| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кисела Вода доделени нови 53 решенија за легализација

белицанец 2

Денеска, во Големата сала на општина Кисела Вода, градоначалникот на општината, Билјана Беличанец-Алексиќ свечено додели нови 53 решенија, со што бројот на решени предмети се зголеми на 2.640.

– Динамиката на процесот на легализација е добра, за што влијае зголемениот број на комисии кои излегуваат на терен, кадровското и техничко доекипирање на Одделението за легализација и доделувањето на решенија на неделно ниво. Сепак, се уште не е мал бројот на предмети чија обработка не може да започне поради тоа што доставената документација не е целосна, соопштија од општината.

Според нив, 4.030 лица, не можат да станат легални сопственици на имотите кои ги поседуваат бидејќи до општинските служби не доставиле геодетски елаборат.

– По одлуката на Владата да им се излезе во пресрет на сите оние кои заради одредени причини не можеле да го испочитуваат законскиот рок за доставување на документацијата, истиот е продолжен до 31 декември 2015 година, но сепак, останува апелот да не се чека до последен момент бидејќи легализацијата на дивоградбите е во заеднички интерес, е наведено во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top