Во февруари демонстрантите во Киев, со помош на вооружените неонацисти од Десниот сектор, извршија преврат и насилна смена на власта при што на почетокот на престреликите загинаа 12 полицајци, а потоа и други над 70 жртви, претежно цивили, објави медиа.мк. Новите власти неонацистите ги сметаат за свои соработници, и не реагираа ниту по протестите, ниту потоа кога вооружените парамилиции на неонацистите вршеа насислтва и убиства врз проруските демонстрнти во источна Украина кои токму заради превратот и појавата на вооружени неонцисти бараат федерализација на државата. Вчера, во вечерните часови, неонацистите имаа свој настап на плоштадот Мајдан во Киев кога го обележуваа денот на своите акции во февруарскиот преврат. Со факели и оружје дефилираа низ Киев при што поголеми групи незадоволни и провоцирани граѓани, како и локланата полиција, беа предмет на насилство од страна на неонацистите. Во тепачките кои се случиле било употребувано и огнено оружје, а има и ранети. До сега властите од Киев не излегоа со официјални податоци за нередите, како ни со опи и попис на повредените и ранети лица. Нема информација ни за апсења на вооружените припадници на Десниот сектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


