| четврток, 6 декември 2018 |

„Кралевите“ ја урнаа Баварија за само 34 минути игра

Реал Мадрид го реши двомечот со Баерн Минхен уште во првиот дел од реваншот кога со два гола од прекин и една контра ги урнаа надежите на баварците дека можат да дојдат до финалето на Лигата на шампионите во фудбал.

Првите два гола во мечот и први негови во лигата на шампионите годинава ги даде Рамос со два гола со глава ( во 16 и 20 минута)  а третиот беше плод на сите членови на нападот на Реал во 34 минута кога по доавањето на Бензема во контра тргна Бејл кој на крајот додаде до Роналдо а овој стрелаше силно во голот на Баерн.

За Баерн да оди натаму во вториот дел треба да постигне 5 голови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top