Делегацијата на САД и на ЕУ денеска во заедничка изјава, како што наведуваат, им одаваат признание на граѓаните, кои го искористија своето право на глас на парламентарните и на претседателските избори на 27 април.
– Ние ја споделуваме оценката на ОБСЕ/ОДИХР во поглед на ефикасното спроведување на неодамнешните избори. Забелешките што тие ги изразија, слични на оние од 2011 и 2013 година, а кои се однесуваат на пристрасно покривање од страна на медиумите и на непостоење на разграничување на државните од партиските активности, што не овозможува
рамноправен терен за натпревар, треба да бидат адресирани, се наведува во заедничката изјава.
Во тие напори, како што се потенцира, мора да се вклучат партиите што ќе ја формираат новата влада и да се ангажираат со опозицијата во конструктивен дух.
-Тие мора да се осврнат не само на техничкиот аспект на организирање на избори, туку мора да ги адресираат и сите неправилности и диспропорционалности во поширокиот изборен систем, бидејќи со нив се ризикува да се поткопа довербата во демократскиот процес, посочуваат ЕУ и САД.
Ги повикуваат, како што наведуваат, сите лидери на политичките партии конструктивно да се ангажираат во реформите кои ќе го унапредат процесот на евроатлантската интеграција. ЕУ и САД остануваат партнери на замјата во тие напори, се вели во заедничката изјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


