Петчасовен јавен настан за подигнување на свесноста за донирањето органи како највисок чин на хуманост ќе се одржи утре (30 април) со почеток во 12 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје под мотото „Знаеш ли?“.
Настанот се организира во соработка со здружението „Мактрансплант“, ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, Националниот координатор за трансплантација, д-р Аспазија Софијанова, а под покровителство на „Новартис“.
Случувањето, кое има едукативен предзнак, пред сè, ќе информира, а ќе стави акцент и на лични приказни за донирањето кои ќе бидат споделени од донатори и приматели на органи.
Централниот настан ќе се одвива од 12 до 13.30 часот, водител ќе биде актерот Гораст Цветковски, кој редовно го поддржува активностите на Детска клиника, а свое обраќање ќе имаат и доктори од клиниките што се вклучени во процесот на трансплантација на органи во земјава.
Граѓаните од 12 до 17 часот ќе можат да потпишуваат картички со што симболично ќе ја поддржат кампањата за донирање органи „Дари орган, подари живот“ што здружението „Мактрансплант“ ја почна на крајот од минатата година.
Волонтери на студентската непрофитна медицинска организација ЕМСА на промотивни штандови ќе делат едукативни материјали, а продавачите на „Лице в лице“ со поддршка на спортистката Наташа Илиевска и актерите Гораст Цветковски и Бесфорт Идризи и на волонтери на Црвен крст на Град Скопје на граѓаните ќе им го понудат новиот број на „Лице в лице“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст