| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографии полни со хомоеротски моменти – војници од Втората светска војна на пауза (+18)

Книгата „My Buddy: WWII Soldiers & Sailors at Their Most Unguarded“ (во слободен превод „Моето другарче: војници и морнари од Втората светска војна во најотпуштено издание“) беше објавена од страна познатата германска издавачка куќа „Тачен“, а во неа се прикажани стари фотографии со војниците во слободно време меѓу битките.

462521_vawwiinakedsoldiers282_ff

Војниците се прикажани во опуштено издание, како се забавуваат на плажа, пливаат, се тушираат, играат игри, се сончаат…

tumblr_n3twec8qme1surcu9o1_1280

– Помеѓу битките тие можеа да се капат во импровизирани тушеви или во реките, езерата и потоците. Можеа да пливаат или да се сончаат, или само да играат , исто како кога биле деца – вели уредничката на книгата Дајан Хенсон.

tumblr_n3u0y8ki1U1sa3fuko1_1280

Во многу од овие фотографии, војниците се сосема голи и многу слободни меѓу себе.

462519_vawwiinakedsoldiers242_ff

Во поголемиот дел од нив преовладуваат хомоеротските моменти.

462520_vawwiinakedsoldiers271_ff

– Во тоа време, во Маринскиот корпус немаше срамежливи момци – пишува во предговорот на книгата поранешниот маринец и публицист Скоти Бауерс.

462518_vawwiinakedsoldiers225_ff

Тој пишува и дека една од најчестите игри меѓу војниците била „фаќање за задник“.

462515_vawwiinakedsoldiers141_ff

– Таа игра ја игравме кога бевме меѓу битки. Како кога бевме деца. Сите овие момци беа многу млади, помеѓу 18 и 20 години, па имавме многу „немирни“ игри, додека пливавме во океанот или реката – вели Бауерс.

463623_mybuddy-2_ff

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top