| четврток, 6 декември 2018 |

И млеката на Меркатор, Лидл и Меги имале канцерогени супстанци

Санитарната инспекција на Министерството за здравство на Хрватска пронајде зголемена концентрација на афлатоксин во уште четири видови млеко кои ги продаваат маркетите на Меркур, Конзум и Лидл, пренесе порталот „Index.hr“.

Неисправното млеко е повлечено од продажба откако Министерството за здравство спровело анализа на 12 примероци млеко во трите малопродажни маркети. Анализата покажала дека кај четири примероци нивото на афлатоксин ја минува законски дозволената граница.

„Спорната состојка е пронајдена кај  трајното млеко на „Дукат“ со 3,8 отсто млечни масти и во млекото на „Меркатор“ со 2,8 отсто млечни масти, што се произведува во Тузла“, пишува Индекс.

Афлатоксин е пронајден и во трајното млеко на „Лидл“ со 2,8 отсто млечни масти, исто така, произведено во БиХ, и во млекото „Меги“ со 2,8 отсто млечни масти, во кои е пронајдена до сега најголемата концентрација на афлатоксин од дури 0,3 микрограма, наведува хрватскиот портал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top