| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Вујадин Бошков

Легендарниот југословенски фудбалер и тренер Вујадин Бошков почина на 83-годишна возраст.

Најголемиот дел од својата кариера Бошков го помина во Војводина, а го носеше дресот на Сампдорија и Јанг бојс. Како тренер ги предводеше екипите на Војводина, Феенорд, Сампдорија, Рома, Наполи, Реал Мадрид и уште неколку европски клубови.

Беше селектор на Југославија со која успеа да обезбеди пласман на ЕВРО 2000 година. Како тренер беше шампион на Шпанија со Реал Мадрид (1970/80), на Југославија со Војводина (1965/66), на Италија со Сампдорија (1991), а со овој тим го освои и Купот на победниците на куповите (1989/90).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top