
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, претпладнево гласаше во изборното место во основното училиште „Никола Вапцаров“ во Струмица.
По гласањето посака многу среќа за сите граѓани и за Македонија.
– Денес е многу важен ден за Република Македонија. Посакувам многу успех на нашата земја. Лична среќа, бериќет на сите граѓани. Среќни семејства, среќна земја. Посакувам наредниот период да биде период каде што нашата земја ќе има забрзан економски развој. Добар пораст. Граѓани, кои ќе бидат вработени и кои, секако, ќе го живеат животот многу посреќно од денес – изјави Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


