
Очекувам овој изборен ден, исто како и на првиот круг од претседателските избори, да помине во демократска, фер и мирна атмосфера, каква што ѝ прилега на една европска земја, на европска Македонија, изјави Ѓорге Иванов, кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ по гласањето на избирачкото место во гимназијата „Јосип Броз Тито“.
– По изборите очекувам сите што ќе ја добијат довербата на граѓаните, да ги остварат сите ветувања што ги имаа во кампањата за да имаме успех и просперитет на цела Република Македонија и на сите нејзини граѓани – додаде Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево


