| четврток, 6 декември 2018 |

Нова демократија: Ставовите на Сириза и штетат на грчката надворешна политика

nea_dimokratia-480

Грчката владејачка партија Нова демократија не престанува да ја напаѓа опозициската Сириза во врска со прашањето за името, во рамките на кампањата за изборите за Европскиот парлмент, јави дописникот на МИА од Атина.

Портпаролката на Нова демократија Ана Асимакопулу овој пат се осврна на изјава на кандидатот за европратеник на Сириза Стелиос Кулоглу во интервју за македонски медиум, објавено кон крајот на минатиот месец.

– Позициите на Сириза постојано се појавуваат во Европскиот парламент од страна на нивни претставници. И за жал, тие се во спротивност со нашите национални интереси, рече Аксимакопулу.

Таа потсети на интервјуто на Кулоглу во кое тој вели дека Македонија ја нарекува Македонија „како и другите луѓе во светот“, и оти „смешниот спор за името го започна Самарас“.

Портпаролот на Нова демократија повторно потсети и на ставовите на кандидатот за европратеник на Сириза Димитрис Христопулос за постоење на турско и македонско малцинство во Грција, тема на која партиите се препукуваат веќе неколку дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top