| четврток, 6 декември 2018 |

Слаб одѕив во Дебарско, гласањето релитивно мирно

glasanje 02 (Custom)

Според општинските изборни комисии  во општините Дебар и Центар Жупа, изборниот процес во сите 43 избирачки места  се одвива непречено со релативно слаб одѕив на гласачите.

Во општина Дебар, до 14 часот, од вкупно запишаните  17.272 лица со право на глас, за претседателските избори правото го оствариле околу 11 отсто, додека за парламентарните околу 19 отсто од вкупно запишаните 16.886 лица, потврдуваат од Општинската изборна комисија, од каде очекуваат поголем одѕив во попладневите часови.

Во општина Центар Жупа одѕивот до 14 часот е над 14 отсто. Во единствениот избирачки список во оваа општина запишани се 6.066 лица.

Текот на гласањето го следат претставници на Граѓанската асоциација „МОСТ“ а повеќе гласачки места се посетени и од набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top