| четврток, 6 декември 2018 |

ЛШ: Баерн во Лондон, Малага кај Порто

Натпревар за спасување на сезоната на Арсенал кој во Лигата на прваците гледа шанса за смирување на страстите на нервозните навивачи

Со натпреварите Арсенал-Баерн Минхен и Порто-Малага денеска продолжува осминафиналето во Лигата на европските фудбалски шампиони. Двата меча се во редовниот термин 20 и 45, а за пошироката јавност секако поинтерсен е тој на Емирати стадионот во Лондон. Арсен Венгер има страшно лоша сезона која може да биде поправена само со елиминација на Баварците, но за тоа ќе му треба голема партија бидејќи Баерн Минхен важи за подобар според тоа како игра во Бундес лигата, каде безмалку ја обезбеди титулата. Англичаните се без Гибс и Монреал, гостите ги немаат Бадштубер, Боатенг и Пизаро, а под знак прашање е и Мартинез, но одново впечаток е дека Јуп Хејнкес располага со повеќе играчи во ротацијата.

Арсенал и Баерн по петти пат ќе се сретнат во Лигата на шампионите. Досега Топчиите имаат само една победа и тоа пред осум години кога на домашен терен славеа со 1:0, а стрелец на голот беше Тјери Анри. Сепак пласман во осминафиналето обезбеди Баерн откако победи дома со 3:1.
Претходно во сезоната 2000/2001 во Лондон беше 2:2, а во Минхен славеше Баерн со 1:0.

Во истовреме на Драгао во Порто домаќинот е изразит фаворит со шпанскиот сосед поради повредниот тим со докажани ѕвезди и поради повеќето искуство што го има во европските натпреварувања, но иако Малага е дебитант во шампионската лига во групните натпревари веќе докажа дека има екипа за респект.

По овие два дуела за утре останува да се доигра првиот круг од осминафиналето во ЛШ меѓу Милан и Барселона односно меѓу Галатасарај и Шалке, по што следната седмица започнуваат реваншите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top