| четврток, 6 декември 2018 |

„Излези да гласаш“: Изборите до 12 часот течат во фер и демократска атмосфера

izlezi da glasas

Коалицијата на невладини организации „Излези да гласаш” вториот круг на изборниот процес за избор на Претседател на Република Македонина и предвремените парламентарни избори 2014 ги следи на цела територија на Република Македонија со повеќе од 5000 волонтери, акредитирани набљудувачи на територија на Р. Македонија. Според информациите добиени од терен гласањето се одвива во мирна и демократска атмосфера без сериозни нарушувања. Заклучно со 12.00 ч. извршена е обработка на податоците за текот на изборниот процес и излезност на гласање.

Досегашни евидентирани состојби во однос на изборниот процес се следните :

500-1

500-2

500-3

500-4

500-4

500-7

 

500-8

Во однос на навремено отварање на изборните места нашите набљудувачи инфомираа дека навремено се отворени гласачките места .

Генерална оценка до 12.00 ч. е: изборниот процес тече мирно и достоинствено и во позитивна атмосфера.

Апелираме до сите институции како и досега навремено да реагираат согласно своите надлежности да им се овозможи на достоинствен начин на граѓаните да си го искористат своето демократско право на глас.

Коалицијата на граѓански организации “Излези да гласаш“ – апелира до политичките партии за коректни и фер избори без насилство и кршење на законската регулатива во текот на просецот на гласање .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top