Синоќа во Берово во тоалет во тамошната дискотека се случила тепачка во која учестувале двајца млади момчиња. Информацијата за инцидентот ја објави Телевизија Стар која соопшти дека двете момчиња имале и стари нерасчистени сметки. Тепачката завршила со повреди на лицето и рацете, хематоми, гребаници, па по краткиот престој во беровската итна медицинска служба, тепачите биле пуштени на домашно лекување.
Како што јави ТВ Стар, тие не добиле официјални информации од дежурната лекарка, ниту пак од СВР Штип, кои само ја потврдиле информацијата дека во полициската станица во Берово било пријавено нарушување на јавниот ред и мир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.