| четврток, 6 декември 2018 |

„Излези да гласаш“ за процесот на гласање на Македонија

filesfileizlezi glasaj

Според информациите кои Коалиција на НВО “Излези да гласаш” континуирано ги добива од своите акредитирани набљудувачи, информираат дека сите избирачки места ширум Република Македонија, каде се присутни нивните волонтери, се навремено отворени за гласање и до овој момент не се регистрирани нарушувања на целокупниот избирачки процес, односно денешните предвремени парламентарни и вториот круг од претседателските избори се одвиваат во фер и демократска атмосфера од самиот почеток.

Коалицијата “Излези да гласаш“ го следи изборниот процес со преку 5 000 акредитирани набљудувачи – волонтери, кои се распоредени низ 69 општини ширум државата.

Аналитичкиот центар на Коалицијата “Излези да гласаш“ со обработка на досега пристигнатите  податоците, до 10 : 00 часот, го констатираше следното:

Изборна единица 1, (од вкупно 522 избирачки места, обработени се 463 ), или 88,70% и констатирана е излезоност од 9,72% односно (од вкупно 275,197 гласачи во обработените места, излегле 24,160 за втор круг претседателски избори и 26,740 за парламентарни избори).

Изборна единица 2, (од вкупно 504 избирачки места, обработени се 421), или 83,53% и констатирана е излезоност од 9,18% односно (од вкупно 251,693 гласачи во обработените места, излегле 20,448 за втор круг претседателски избори и 23,100 за парламентарни избори).

Изборна единица 3, (од вкупно 684 избирачки места, обработени се 531), или 77,63% и констатирана е излезоност од 13,48% односно (од вкупно 235,848 гласачи во обработените места, излегле 31,883 за втор круг претседателски избори и 31,779 за парламентарни избори).

Изборна единица 4, (од вкупно 599 избирачки места, обработени се 528), или 88,15% и констатирана е излезоност од 11,68% односно (од вкупно 260,360 гласачи во обработените места, излегле 30,084 за втор круг претседателски избори и 30,403 за парламентарни избори).

Изборна единица 5, (од вкупно 646 избирачки места, обработени се 494), или 76,47% и констатирана е излезоност од 10,17% односно (од вкупно 210,626 гласачи во обработените места, излегле 23,502 за втор круг претседателски избори и 21,429 за парламентарни избори).

Изборна единица 6, (од вкупно 525 избирачки места, обработени се 334), или 63,62% и констатирана е излезоност од 4,26% односно (од вкупно 200,247 гласачи во обработените места, излегле 6708 за втор круг претседателски избори и 8537 за парламентарни избори).

– Би сакале уште еднаш да нагласиме дека доколку граѓаните сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, може да се обратат до волонтерите на Коалицијата “Излези да гласаш“, кои се лесно препознатливи со маичките кои ги носат, со обележјата на нашата коалиција. Доколку пак граѓаните не се сигурни на кое избирачко место можат да го остварат своето право на глас, можат да проверат тоа со внесување на личните податоци на следнава интернет страна izbirackispisok.gov.mk. Апелираме до сите институции како и досега, професионално да ја обавуваат својата работа и доколку има потреба навремено да реагираат согласно своите надлежности, со цел да им се овозможи на сите граѓани на достоинствен и демократски начин да си го остварат своето право на глас во текот на целиот избирачки ден, се до затварањето на избирачките места во 19 часот. Ние, од Коалицијата “Излези да гласаш“, исто така апелираме и ги повикуваме сите граѓани на Република Македонија со право на глас, да излезат во што поголем број и гласајќи по сопствено политичко убедување, да придонесат кон градењето на сопствената иднина и иднината на својата држава, затоа што Твојот Глас е Твое Дело за Македонија, соопштија од Коалиција на НВО “Излези да гласаш”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top