Во Белград, македонските државјани во Србија гласаат на парламентарните и на вториот круг од претседателските избори. 421 граѓанин, запишани во посебниот извод на избирачкиот список во Амбасадата на Република Македонија во Белград, го остваруваат своето граѓанско право за избор на пратеник од европската изборна единица-7, објави МРТ.
За претседател на Република Македонија во Белград гласаат 241 македонски државјанин со право на глас.
-Избирачко место 5025 Амбасада на РМ во Белград (Избирачкото место 5025 во Амбасадата на Република Македонија беше отворено во 7 часот утрово. Изборниот процес тече нормално, во целосно демократска атмосфера. Интересот е голем и до 13 часот за претседателските избори одзивот е 41%, додека за парламентарните избори излегоа 33% од запишаните гласачи, изјави Марјан Јовановски, претседател на избирачкиот одбор.
Македонските државјани во Србија, кои за прв пат гласаат на претседателските избори, гласаат на избирачкото место 5025 во Амбасадата на Република Македонија.
-Речиси од Суботица до Врање од цела Република Србија македонците излегоа на гласањето во масовен број, со што пратија порака дека Македонија секогаш ќе ја подржуваат и дека сакаат да победи македонството“, изјави, Борче Величковски-Претседател на МНЗ во Србија.
Гласањето се одвива мирно и достоинсвено, а граѓаните од утринските часови во Белград го остваруваат своето граѓанско право.
Во македонската амбасада постои голем интерес за гласање. Буквално се чека ред за гласање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.