Цената на суровата нафта на лондонската берза стагнираше над 110 долари, на највисоко ниво во последните седум недели, а истовремено се стравува за можни пореметувања во снабдувањето поради напнатоста во Украина.Цената на барел нафта во Лондон изнесува 11,35 долари и е на пат да се зголемува трета седмица по ред, што е најдолг раст од почетокот на септември минатата година.
На американскиот пазар цената на барел вчера стагнираше на 101,35 долари, откако ден претходно се зголеми за 50 центи.
Ескалацијата на кризата во Украина резултира раст на цената на нафтата на лондонската берза во распон од 105 и 110 долари за барел, а на американскиот над 100 долари.
На цената на нафтата влијае и застојот на обидите Либија повторно да го зголеми својот извоз
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.