Не е никаква тајна дека изминатите години британскиот пејач Бој Џорџ имаше проблеми со килограмите. Но, изгледа дека новогодишната одлука да се ослободи од прекумерната тежина вроди со плод, бидејќи на доделувањето на „WhatsOnStage.com“ наградите се појавил забележително ослабен.
Бој Џорџ, кому вистинското име му е Џорџ Алан О’Дауд-делувал уште послаб во преголем костим, кој очигледно го носел во деновите кога имал прекумерна тежина. Комплетно нашминкан, со кремава беретка украсена со копченца и гајтани, 51-годишниот Џорџ едвај можеле да го препознаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.