Хеликоптер на украинската армија беше погоден од снајпер и се урна на пистата на аеродромот во Краматорск во источниот дел на Украина, соопшти Василиј Крутов, раководител на антитерористичкиот центар на Службата за безбедност на Украина.
Леталото МИ-8 се урнало по нападот со снајпер, откако му бил оштетен резервоарот за гориво. Пилотот на хеликоптерот е повреден.
Руската телевизија „Русија 24“ објави дека проруските паравоени „сили за самоодбрана“, за кои наведува дека се формирани од „приврзаници на федерализацијата на Украина“, продолжуваат да го контролираат источниот град Славјанск.
Изутрината над градот се појавија хеликоптери, од кои повторно се пуштени летоци, што ги повикуваат граѓаните да не ги поддржуваат проруските активисти. Во Славјанск е во сила полициски час.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст