| четврток, 6 декември 2018 |

Ново намалување на цената на природниот гас

Цената на природниот гас од 1 февруари се намалил за 3,08 проценти во однос на претходниот месец. Со оваа корекција, Макпетрол ја намали цената на природниот гас за 19,73 проценти во однос на декември.

-Намалувањето на цената на природниот гас придонесе и за намалување на животните трошоци во јануари годинава споредено со декември минатата година. Со ова последно намалување на цената, природниот гас станува поконкурентен во однос на мазутот, а при согорување има далеку пониски емисии на штетните гасови. Годинава Макпетрол веќе ја намали и цената на метанот за моторните возила на 49 ден/кг, со што ова гориво станува уште поекономично за примена во сообраќајот, се вели во соопштението на Макпетрол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top