Состојки:
50 мл масло
3-4 кг јагнешки бут со ребра
сол и црн пипер
1 мала лажица зачин
100 мл мед
200 мл бело вино
половина лимон, исечкан на крукчиња
За прилог:
3 лажици масло
30 гр сланина
1 кг кисела зелка
1 чешне лук
Подготовка: На загреано масло испржете го месото од сите страни. Потоа, додајте му сол, црн пипер, зачин и мед. Пржете додека не потемни од карамелизираниот мед. Полека налевајте вода и бело вино. Потоа, месото префрлете го во калап за печење, ставете фолија и печете во рерна еден или еден и пол час на температура од 200 степени. Кога месото ќе омекне, тргнете ја фолијата и додајте го лимонот.
Киселата зелка испржете ја на масло со сланина, додајте го лукот и пржете додека зелката не омекне убаво и не ги прими сите сокови. Месото послужете го со сокот од печењето и со пржената зелка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во Србија уапсени луѓе заради продажба на 31 тон расипано месо од Бразил
-
Полицаец се заканувал со пиштол во месарница, не му се допаднало месото
-
Компании од Бразил добиле забрана за извоз на месо во Македонија поради небезбедно месо
-
Во 398 контроли на месарници уништени 414 килограми небезбедно месо