Украинската компанија „Енергија ЛТД“ ќе инвестира 18 милиони долари и најавува дека ќе отвори 150 работни места во Македонија. Инвестицијата беше најавена вчера, а Украинците и официјално ги потврдија намерите да инвестираат во Македонија.
Ќе градат фабрика во слободната економска зона „Скопје 2“ на површина од осум хектари. Компанијата се занимава со производство на вода за пиење, дезинфекција на отпадни води, чие производство е врз основа на нова технологија со највисоки еколошки стандарди, патентирана во САД.
Годишниот извоз би бил 20 милиони евра, а производството ќе биде наменето за Блискиот Исток, Африка, источна и за централна Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст