Британско-холандската компанија „Унилевер“ (Unilever), еден од лидерите во секторот на стока за широка потрошувачка, во првиот квартал забележи подобар резултат од очекуваниот.
Како што беше соопштено од компанијата, приходите од продажбата на овој најголем светски производител на сладоледи и чаеви, но и сопственик на познати козметички марки, во првиот квартал изнесувале 11,4 милијарди евра со пад од 6,3 проценти на годишно ниво, но ефектот на курсевите ги намалил приходите за 8,9 проценти.
Кога ќе се исклучи неповолното влијание на курсевите, приходите забележале раст од 3,6 проценти, што е над просечното очекување на финансиските експерти од 3,3 проценти.
Продажбата на пазарите во развој се зголеми за 6,6 проценти, што е помалку од четвртиот квартал во минатата година (8,4 проценти), но секако над пазарниот раст за тој регион кој изнесуваше околу 5 проценти.
„Унилевер“ ја потврди својата цел за раст во тековната година, предвидувајќи поголема продажба.
Како што веќе беше објавено во јануари, приходите на „Унилевер“ би требало да пораснат од три до пет проценти во 2014, додека очекуваниот пазарен раст е три проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст