| четврток, 6 декември 2018 |

„Стари лисци“ жедни за млада крв

Роберто Кавали (73) и Лина Нилсон (2*)

Италијанскиот дизајнер Роберто Кавали (73) неодамна беше снимен на плажа во Мајами со својата партнерка, младата Лина Нилсон, за која не се знае колку години има, но се верува дека е во своите дваесетти. Иако Кавали доста време тврдеше дека му е „роднина“, одамна се верува дека се љубовници. Никому не му е јасно целосно за што точно станува збор затоа што разлката во години меѓу нив е повеќе од 50.

kavali nilson2

Ал Пачино (73) и Лусила Сола (34)

Откако се во врска, холивудскиот актер бил пресреќен човек. Вели дека штом ја запознал, паднал на шармот на убавата шпанска актерка. Редовно одат на сите јавни настапи заедно, се држат за раце и изгледаат среќно. Оставаат впечаток дека разликата во годините не им претставува никаков проблем. Се запознале кога актерката играла во филмот на Пачино „Дивата Салома“.

pacino so devojkata

Хју Хефнер (88) и Кристал Харис (28)

Кристал Харис тврди дека не ја приметува разликата меѓу нив од половина век.

– Тој е многу романтичен и нежен. Навистина се грижиме еден за друг и одлично се сложуваме. Не ја приметувам разликата во години. Хефнер е многу забавен – вели таа.

Кристал побегна од Хефнер во 2011 година непосредно пред свадбата, а причините зошто се вратила ги објаснува сега:

– Ми недостигаше, како и јас него. Посреќни сме од кога било. Работите сега се подобри од што беа. Хефнер ме сака повеќе отколку што  кога било сум била сакана во животот – вели Кристал.

hefner so devojkata

Рони Вуд (66) и Сали Хамфрис (32)

По раскинувањето на врската со 25-годишна девојка, рокерската легенда не губеше време, па веднаш почна нова љубовна романска со продуцентката Сали Хамфрис.

Претходно, Вуд беше во врска со 39 години помладата Никол Сарџент, а потоа со манекенката Екатерина Иванова.

vud so devojkata

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top