| четврток, 6 декември 2018 |

Влатко Ѓорчев: Влезот на странските компании во кочанско ќе има ефекти и на околните општини

Кандидатот за пратеник во Третата изборна единица Влатко Ѓорчев на вечерашниот митинг во Кочани истакна дека пред 11 дена на првиот изборен круг од претседателските избори резултатот во Кочани беше очигледен 8.300 гласови за СДСМ а 10.300 за ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорге Иванов. Тој потенцираше дека сега граѓаните на Кочани  во наредните 70 часа, до затворањето на гласачките кутии, имаат многу поважна задача, а тоа е да одлучат за иднината на Република Македонија во следните 4 години/

-На Македонија и е потребна и тоа како вашата поддршка. Соочени сме со барања за промана на уставот и редефинирање на уставниот поредок, со барање за концензуален претседател и концензуален буџет, во таа ситуација дали Кочани ќе седи дома или цела источна Македонија ќе излезе да гласа и да ги поддржи ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов и Никола Тодоров, посочи Ѓорчев пред кочанчани.

Тој нагалси дека на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата им се потребни 63 пратеници за да ги заштитат економксите интереси на Македонија.

-Со 63 пратеници ќе можеме да му помогнеме и на Кочани и на сите месни заедници, за СДСМ не е важно дали ќе освои 35, 37 или 39 пратеници, но за Македонија е многу важно дали ВМРО-ДПМНе и Коалицијата ќе имаат 63 пратеници. Многу е важно за иднината на Макеоднија да нема концензуален туку ефикасен буџет со кој ќе можат да се исплаќаат плати и пензии, рече Ѓорчев.

Тој повика на масовна излезност на кочанчани на вторниот изборен круг.

-Ајде со 63 пратеници со голем број на гласови во Кочани минимум 12 -13.000 да ја обезбедиме иднината ис табилноста на македонската држава.

Ѓорчев нагласи и дека влезот на холандските и американските компании во Кочани ќе имаат позитивни ефекти за сите околни општини.

-И за оние кои веќе се вработени во Кочани ќе се зголеми цената на трудот благодарение на влезот на странските инвестиции на потегот меѓу Кочани и Виница, важно е и за невработените кои ќе добијат мо=ност з авработување, но и з атие кои работат, бидејќи ќе им се зголемат платите, нагалси Ѓорчев.

Тоа, како што посочи тој, веќе се случува во Џонсон Контролс во Штип, каде останатите компании веќе ги зголемиле платите за 2.000 – 3.000 денари. А истото, нагалси се случува и во Кавадарци, Битола и во многу други општини.

Тој ги повиќа граѓаните на Кочани на 27 април да го дадат својот глас за ВМРО-ДПМНЕ, за Ѓорѓе Иванов и за Никола Тодоров, бидејчи како што нагласи, Тодорв ја сака Источна Македонија и ќе се бори за неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top