Русија ја предупреди Светската трговска организација (СТО) дека санкциите што САД ги наметна на руски граѓани поради кризата во Украина се незаконски според правилата на организацијата и дека мора да бидат укинати. Рускиот министер за економија, Алексеј Уљукајев, минатата недела изјави дека Русија би можела да покрене спор пред СТО поради американските санкции.
Најновите предупредувања, содржани во доверлив документ кој во средата кружеше во СТО, појаснува на што Русија го темели своето тврдење, а во документот се изразува увереност на Москва дека ќе го добие трговскиот спор доколку биде покренат.
Државите што се членки на СТО можат да бараат некои изоставувања од примената на утврдените правила, меѓу другото, и врз основа на закана за националната безбедност.
Иако би било необично да се потпираат на тоа за да избегнат спор пред СТО, САД веќе еднаш се повикаа на аргументот на националната безбедност за да го оправда своето економско ембарго над Куба.
САД и ЕУ досега на руските граѓани им наметнаа визи и го замрзнаа имотот на неколкумина Руси во знак на протест против руската анексија на Крим. Американскиот претседател Барак Обама во четвртокот изрази подготвеност да ги поостри санкциите на Москва, доколку набрзо не ја прекине напнатата игра со оружје на украинскиот исток, каде што проруски сепаратисти ѝ пркосат на украинската влада.
Со рускиот документ упатен до СТО издадено е предупредување и до останатите држави кои размислуваат за воведување санкции за Русија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.