| четврток, 6 декември 2018 |

Петмина загинати при акција на украинските сили во Славјанск

ukrainska vojska

Петмина проруски сепаратисти загинаа, а еден украински војник е ранет денеска при акција на припадници на воорижените сили на Украина за враќање на контролата врз градот Славјанск во источниот дел на земјата, соопшти украинското Министертсво за внатрешни работи.

Во соопштението се наведува дека украинските сили уништиле три контролни пинкта на сепаратистичките паравоени групи во североисточниот дел на Славјанск.

Портпаролката на локалните прорускки паравоени „сили за самоодбрана“, Стела Хорошева, пак, соопшти дека при судирите загинале најмалку двајца нивни борци.

Западните медиуми претходно јавија дека оклопни возила на украинската Армија денеска навлегле во Славјанск, кој важи за главно упориште на проруските сепаратисти во источна Украина.

ИТАР-ТАСС информира дека укаринските војници со пет околопни возила, потпомогнати од два хеликоптера, се пробиле на 10 километри од центарот на Славјанск.

Телевизијата „Росија 24“ јави дека проруските сепаратисти подготвуваат „оклопна техника“ и дека на барикадите во Славјанск се распоредуваа снајперисти.

Самопрогласениот градоначалник на Славјанск, Вјачеслав Пономарјов, го повика своите сограѓани да останат во нивните домови.

Локалните медиуми јавуваат дека на проруските силите во Славјанск на помош им дошле доброволци од соседниот град Красниј Лиман.

Утрово украински војници во маскирни униформи со ознаки на десантните единици со шест оклопни возила БМД-3, се распоредија на 12 километри од Славјанск, во селото Малиновка што се наоѓа на главниот пат кон Доњецк. Војниците поставија контролен пункт на патот и ги проверуваат возилата кои се движат од и кон Славјанск.

Украинската влада најави дека по завршувањето на велигденските празници ќе ја возобнови „антитерористичката операција“, чија цел е да ги врати под контрола градовите во источниот дел на земјата со кои сега раководат локалните проруски сепаратисти.

Две лица загина минатата ноќ кога засега непознати напаѓачи отвориле оган врз контролен пункт на проруските сепаратисти во близина на градот Славјанск во источниот дел на Украина.

Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков на својот профил на Фејсбук денеска објави дека нападот го извршиле „околу 70 лица предводени од руски војници“.

Украинското Министерство за одбрана, пак, соопшти дека нападот го извршиле „близу сто напаѓачи со автомати, пушко-митралези и бомби“. Напаѓачите беа одбиени и претрпеа значителни загуби, се додава во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top