| четврток, 6 декември 2018 |

Почина најстарата жена во светот

Во Јапонија почина Кото Окубо, родена 1897

Највозрасната жена во светот, 115-годишната Јапонка Кото Окубо, почина во старечки дом во градот Кавасаки, соопштија локалните медиуми. Според градските власти, таа во домот го минувала времето заедно со синот кој што исто е штитеник на домот.

Окубо беше родена 1897, а лани беше прогласена за најстара жена на планетата откако во декември во САД почина 115-годишната Дина Манфредини од Ајова. Таа беше повозрасна од Јапонката за 264 дена.

Највозрасниот маж на Земјата во моментов е Јапонецот Џироемон Кимура, роден на 19 април 1897 година. Тој живее во градот Киотанго, во префектура Кјото, и има седум деца, 14 внуци, 25 правнуци и 13 праправнуци. Овој долговечен човек 40 години работел во пошта по што се пензионирал и до својата 90-годишна возраст се е занимавал со фармерство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top