| четврток, 6 декември 2018 |

Младите ракометари ги добија Шпанија, Франција и Норвешка

Filip-Talevski-sport84-4

Tешка задача за нашите младински репрезентативци по денешното извлекување на групите за ЕП 2014 во Австрија. При извлекувањето одржано во Линц (Австрија), македонската младинска репрезентација, која беше сместена во третиот барабан, за противници ги доби актуелниот бранител на титулата, Шпанија, моќната Франција и Норвешка.

Директно учество на ЕП во Австрија, кое e на програмата од 24 јули до 3 август, обезбедија селекциите на Германија и Шведска, како прво и второпласирани селекции на претходното кадетско ЕП во 2012 година, и Австрија, која се квалификува како домаќин и организатор, што ѝ даде право да избере своја група откако беа извлечени селекциите од барабаните 1, 3 и 4.

Во втората фаза од првенството во Австрија ќе се пласираат по две селекции од секоја група, кои ќе го пренесат и меѓусебниот резултат од групата.

Групи:

Група А Шпанија Франција Македонија Норвешка
Група Б Данска Швајцарија Србија Естонија
Група Ц Германија Австрија Словачка Белорусија
Група Д Шведска Словенија Израел Унгарија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top