| четврток, 6 декември 2018 |

Финалистката од „Икс-фактор“ станува кројачка

Една од членовите на групата „4U“, која беше создадена во „Икс-фактор“, Катарина Манојловиќ, се откажа од музичката кариера по шоуто. Таа признава дека е разочарана од шоу бизнисот и затоа ќе се посвети на тоа да стане кројачка.

– Никогаш повторно нема да се занимавам со пеење. Во „Икс-фактор“ сфатив дека тоа не е за мене и дека патот кон успехот е тежок – изјави Катарина за српски „Блиц“.

4u

Таа вели дека едноставно не се вклопила во целата музичка индустрија затоа што не може да ја поднесе тензијата

– Јас сум уметничка душа, но тоа ќе го искористам на друг начин. Пеењето за мене е минато, ќе се запишам на курс за шиење. Отсекогаш сум сакал интересни парчиња облека, да ги шијам и комбинирам. Мислам дека ова е вистинскиот пат за мене. Ако ништо друго, барем ќе си имам занает и сигурна работа – вели таа.

Катарина истовремено работи како промотор на козметички бренд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top