| четврток, 6 декември 2018 |

Мерил Стрип: Милев дека сум премногу грда за да бидам актерка

meril strip

Иако е една од најголемите актерки на сите времиња, Мерил Стрип не ни сонувала дека еден ден животот ќе ја одведе во Холивуд. Денес има 64 години и е рекордерка по бројот на номинации за наградата „Оскар“ во историјата на филмот. Неодамна доби и почесен докторат на Универзитетот „Индијана“.

– Мислам дека бев како и секоја друга девојка која се бори да го има сето внимание само за себе. Глумев во школски претстави, но мислев дека е залудно да се обидам да станам актерка. Секогаш сметав дека сум премногу грда за да бидам актерка. Очилата не беа баш популарно во тоа време – изјави славната актерка.

Мерил Стрип освои три награди „Оскар“ за филмовите „Крамер против Крамер“, „Изборот на Софија“ и „Железната Леди“.

– Она што ве прави поинакви или чудни е тоа што ви дава сила. Прифатете ги недостатоците бидејќи тие ве прават единствени. Сите сакаат да се стопат со околината, но највоочливи се оние кои се поинакви – им порача Стрип на студентите на Универзитетот „Индијана“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top