| четврток, 6 декември 2018 |

Петковски: Новите 100 милиони евра ќе бидат инекција за македонското стопанство

Новите 100 милиони евра кои се предвидени за компаниите ќе бидат како инекција за македонското стопанство.

Ова пред почетокот на вечерашниот митинг во Куманово на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ го истакна Драган Петковски кој е кандидат за пратеник.

dragan-500

-Тие средства ќе се вложат на вистинско место и ќе придонесат за развој на македонските компани, но и развој на целата земја во целина. Со развој на економијата се подобруваат условите за работнците, се намалува црниот пазар, се создаваат услови за поголеми плати за вработените, за поголеми бенефиции, посочи Петковски.

Тој нагласи дека Македонија и во период кога светот беше во криза, се развиваше, за разлика од другите зејмава успеала да ја помине кризата беа некои поголеми турбуленции и успеала да направи развој.

-Очекувам сега Македонија уште повеќе да стокне со рејтингот, очекувам влез на многу странски компании бидејќи Македонија разви систем на една плодна почва за развој на економијата, додаде Петковски.

Во однос на изборниот ден, 27-ми април, Петковски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ може да победи во Куманово, очекувајќи разликaта во вториот круг да биде уште поголема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top