| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкулоска: Куманово ја препозна разликата која се состои во 2.046-те проекти на ВМРО-ДПМНЕ

Куманово ја препозна разликата која се состои во 2.046-те проекти што ги нуди ВМРО- ДПМНЕ, а кои се однесуваат на сите категори граѓани, рече Гордана Јанкулоска, носител на листата во Втората изборна единица од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ, на денешната средба со жителите на кумановската населба „Карпош“.

kumanovo-jankuloska2-500

Јанкулоска изрази благодарност за нивната поддршка во првиот круг од претседателските избори.

Граѓаните на Куманово, како што истакна, се интересирале за проектите кои предвидуваат отворање нови 64.000 работни места, вработување на младите и поддршка за отварање нови и проширување на капацитетите на малите и средните претпријатија.

– Овде, во Куманово, голем интерес, освен за овие, има и за проектите од инфраструктурата со оглед на нејзината лоша состојба заради незаинтересираноста на локалната власт, посебно за рехабилитација и модернизација на железницата, изградба на пругата и големите инфраструктурни проекти, изградба на патиштата кои на некој начин ќе значат подобро сообраќајно поврзување на Куманово, поголеми можности за комуникација и развој на локалните фирми и локалната економија – рече Јанкулоска.

kumanovo-jankuloska1-500

Јанкулоска се сретна и со граѓаните на Ајдучка Чешма, каде ги презентираше проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Помеѓу најважните од нив е: рехабилитација на автопатската делница Миладиновци-Куманово. Проектот опфаќа изградба на една лента од автопат и проширување до ниво на експресен пат во должина од 22 километри и со широчина од 12,5 метри. ВМРО ДПМНЕ инвестира во подобра инфраструктура – истакна Јанкулоска.

kumanovo-jankuloska-500

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top