| четврток, 6 декември 2018 |

Културата во престрет на манастирот „Трескавец“

Распоред на претставите кои ќе се одиграат хуманитарно за манастирот

treskavec izgasnat

Во рамките на акцијата за возобновување на опожарениот манастир „Трескавец“ театрите од Македонија ќе одиграат неколку претстави. Еве го распоредот на претставите што ќе ги одиграат ансамблите на МНИ, Драмски театар, Театар за деца и за младинци, театартите од Велес, Прилеп и Театар Комедија.

22 февруари: Театар Комедија со претставата „Женидба“ во режија на Дејан Пројковски

25 февруари: МНТ и Театар за деца и за младинци со претставата „Декамерон“ во режија на Боњо Лунгов

26 февруари: Драмски театар со претставата „Грев или шприцер“ во режија на Деан Дамјановски

27 февруари: Театар од Велес со претставта „Ноќите во бел сатен“ во режија на Ненад Витанов

28 февруари: Народен театар од Битола со претставата „Хенри VI“, III дел во режија на Џон Блондел

1 март: Театар Војдан Чернодрински од Прилеп со претставата „Многу врева за ништо“ во режија на Иво Милошевиќ

22 февруари: Концерт на ансамблот „Танец“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Гости на концертот се: Блага Петреска и Сузана Спасовска.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top