| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Аболицираниот Заев ќе пропадне во сопствената кал

никола груевски

– СДСМ со толку насобран гнев, заборавија да достават барање до Државната изборна комисија да се разгледуваат евентуалните нерегуларности во изборите кои сакаат да ги оспоруваат, бидејќи доживеаја и ќе доживеат пораз – изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на вечершаниот митинг во скопската општина Бутел.

-Толку им е паметот, толку е насобран тој гнев, толку е нервозата насобрана што забораваат и лагите да ги поткрепат со алиби. Го гледам аболицираниот криминалец кој деновиве се обидува мене и ВМРО-ДПМНЕ да не претстави како криминалци, да не оцрни со фрлање кал врз нас. А не знае дека на 27-ми ќе пропадне во сопствената кал, во калта која ја носи со себе, рече Груевски.

Груевски ги искоментира анкетите кои излегоа пред самите избори, посочувајќи дека најголемата анкета е на денот на изборите, кога граѓаните одлучуваат. Уште 5 дена, рече, ќе ги слушаме СДСМ, но опозицијата конечно ќе свати дека не може да манипулира со народот.

-Реков и повторно ќе кажам, тоа се очајнички чекори на очајни луѓе кои ќе ги слушаме уште 5 дена како ќе викаат, монтираат, ќе се силат и ќе вадат фалсификати и на 27-ми кога ќе видат дека не можат да го изманипулираат народот кој има искуство и сите не познава и не одмерил кои сме и што сме, ама и нив ги одмерил во минатото, кога ќе го видат судот на народот, од 28-ми ќе се зграпчат меѓу себе да се обвинуваат, кодошат и монтираат во СДСМ, нема да може да ги разделиме, истакна Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top