Претседателот на Српската напредна партија Александар Вучиќ, кој официјално доби мандат од српскиот претседател Томислав Николиќ за состав на нова Влада, изјави дека таа ќе биде формирана во најкус можен рок и вети дека во наредните три или четири години ќе направи од Србија здрава и пристојна држава.
Тој вети оти ќе работи совесно и чесно и ќе носи добри одлуки за Србија.
– Никој не добил мандат во потешки услови, особено по лошите одлуки од 2007 и 2009 година, поради што имаме висок дефицит и економијата не функционира, истакна Вучиќ.
Во идниот кабинет освет СНП ќе влезат и претставници на коалициите на Социјалистичката партија на Србија и Сојузот на Унгарците во Војводина. Се очекува социјалистите да добијат најмалку две министерства, а Унгарците во Војводина побарале пет места за државни секретари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.