Гаранција за остварување на нашата програма е нашиот минат труд, нашето однесување во минатото, нашите дела, мерки, реформи, нашата посветеност, одговорност, односот што го имавме кон народот во тој период. Коректниот однос, држењето до дадениот збор, работењето од утро до мрак и се разбира воведувањето на праксата со отчет за сработеното.
Ова го истакна Никола Груевски, претседетелот на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митин во општина Центар во Скопје.
-Во отчетот ревносно се забележани сите работи, она што сме го ветиле и оствариле, она што не сме го ветиле, а сме го оствариле, бидејќи има многу работи кои не сме ги ветиле во програмата, а за доброто на народот сме ги оставариле. Во отчетот ги има и оние работи кои сме ги ветиле, а не сме стигнале да ги оствариме, а такви се многу малку. Сакаме до крај да останеме искрени со сите граѓани за да знаат дека нема бегање од вистината. Не случајно ВМРО-ДПМНЕ 9 години по ред ја добива довербата од граѓаните на 7 изборни циклуси, а и на 8 и 9 е сосема јасно дека ќе ги добиеме изборите. Народот сака реални проекти, реални програми, сака гарнитура која многу работи, држи до дадениот збор која има најквалитетен економски тим и која што во исклучително тешки времиња направи крупни работи за државата.
Во период од седум и пол години додека ја имаме довербата од народот, потенцираше Груевски, ние 5 и пол години сме во светска економска криза или европска должничка криза, а во толку караток период отворивмне 120000 работни места, Македонија стана држава со една од најдобрите бизнис клими во светот, што го потврди и Светската банка.
-Во еден ваков тежок период кога во најголем број од земјите се бркаа од работа, се намалуваа пензиите низ Европа, се намалуваа субвенциите, во едно такво време во Македонија се намали невработеноста за 10% и со тредн на постојано намалување, со тренд на доаѓање на нови компании и фирми кои иневетираат во Македонија. Само во последните три недели 6 познати светски брендови компании објавија влез во Македонија, донеле одлука да градат фабрика во Македонија. Во период кога пензиите насекаде се намалуваат Македонија успеа да ја зголеми просечната пензијата за 64 %. На неколку наврати се зголеми социјалната помош, платите во јавниот сектор. Се овозможи бесплатен јавен транспорт за пензионерите, бањско лекување за околу 25000 пензионери, истакна Груевски.
Тој посочи дека во овој исклучително тежок период се реализирани многу проекти.
-Се направи обиколницата околу Скопје, се намали цената за студирање на студентите на симобилични со 200 евра, а на дисперзираните студии од 100 евра. Планираме да се направи и квота за магистерски и докторски студии за најдобрите студенти. Во овој период за 900% се зголемија средставата на деца без родителска грижа, на огромен број од нив им се обезбедија станови, а најголем дел добија вработување во јавниот сектор.1600 лица од најранливите категории ќе добијат обука за вработување во јавниот сектор. На овој начин им излеговме во престрет на најзагрозените. Донесовме закон со кој што секој граѓанин што ќе мора да се лекува во странство ќе треба да плаќа максимум 200 евра, потенцираше Груевски.
Тој посочи дека се направени големи инвестиции и во здравството, реновирани се и многу болници кои до тогаш не биле чепнати, изградба на спортски сали ширум Македонија, реновирање на училишта и детски градинки, музеи, споменици, асвалтииани улици и многу други проекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии