Покажавме дека Македонија се сака со искреност. Затоа не ветуваме ништо што не може да го оствариме. Затоа во мојата програма и програмата на ВМРО-ДПМНЕ секој пат е поставено она што може да се реализира. За да може да поднесеме отчет. Тоа вие го препознавате, и тоа вие го наградувате на изборите.
Ова го истакна вечерва претседателскиот кандидат на коалицијата „За подобра Македонија“ Ѓорге Иванов на митингот во скопската општина Центар.
– На 13 април граѓаните ни дадоа доверба затоа што поднесовме отчет. Поднесовме отчет на програмите со кои на претходните избори ја добивме вашата доверба. Тие програми произлегуваат од вашите потреби, од вашите проблеми. Реални програми, остварливи програми. Граѓаните дадоа поддршка на новиот концепт на политиката во Македонија. На
конкретни програми, на отчет на сработеното. Граѓаните затоа направија разлика. Разлика од 123 илјади гласа, рече Иванов.
Тој додаде дека очекува двојна победа во недела и уште помасовно граѓаните да излезат на гласање.
– Со досегашното работење докажавме дека веруваме во Македонија! Затоа соработуваме. Сите институции во државата да соработуваат и да покажуваат заедништво. Да покажуваат соработка во интерес на сите граѓани на Република Македонија, порача Иванов.
Веруваме во Македонија, рече Иванов, затоа што го гледаме оптимизмот насекаде низ државата, гледаме дека граѓаните го поддржуваат и го поздравуваат она што се прави. Се прават автопатишта, се градат фабрики, се отвораат нови училници, се градат нови болници. Потсети дека сето ова е направено во услови на светска економска криза кога многу посилни
економии од македонската, не можеле да се справат со предизвиците.
– Македонија покажа дека може економски да успее. Затоа во Македонија доаѓаат странски инвестиции, расте производството и извозот. Но растат и платите, растат и пензиите, субвенциите за земјоделците, стипендиите за студентите. Кога расте економијата, се расте во државата. Тоа го препознаа граѓаните и на тоа даваат поддршка, рече Иванов.
Додаде дека Македонија се гради како држава во која се мисли за секоја категорија на граѓани и оти е земја во која се почитуваат различните етнички групи и религии.
– Се мисли за секој што треба да придонесе за Македонија. Тоа секој може да го препознае. Секој може да го види, тој позитивен тренд. Да види како ја градиме Македонија да биде успешна држава. Покажавме дека заедништвото ја гради државата. Кога сме заедно, кога сме сплотени тогаш и не почитуваат. Не почитуваат и го слушаат нашиот глас. Но нашиот глас е она што вие ни го давате на изборите. Вашата доверба е гласот кој го пренесуваме на сите меѓународни собири, на сите настани каде се зборува за Македонија. Каде се носат одлуки за иднината на целиот наш регион, подвлече Иванов.
Потсети дека Македонија е подготвена за членство во НАТО и во Европската унија и оти државата ги има исполнето сите обврски за што потврда се позитивните извештаи и препораки.
– Со секоја нова инвестиција во Македонија, со секое ново пријателство што го стекнуваме, со секој успех што го постигнуваме, успева и Македонија. Успеваат нашите спортисти, успеваат и нашите уметници, успеваат нашите пејачи, успеваат и нашите научници. Тоа е новиот лик на Македонија. Македонија која успева. Македонија во која секој може да успее, нагласи Иванов.
Посочи дека во изминатите пет години како претседател ја ставил економијата на ист ранг како и безбедноста на државата, меѓународната и внатрешната политика.
– Се што правев овие пет години беше да создадеме услови за нашата економија. Да создадеме можности за нашата економија, да отвораме нови пазари за македонските производи. И затоа расте извозот од Македонија. Доколку ја добијам вашата доверба, и следните пет години ќе работам со ист интензитет, за промовирање на сето она што е најдобро од Македонија. Промовирање на она по што не препознаваат и по што не почитуваат. Затоа што станува збор за наша држава. Држава за која гинеле многу наши предци. Тие ни оставиле завет да ја чуваме Македонија. И затоа мотото на оваа кампања е дека „Државата ни е пред се“, „Македонија ни е пред се“, потенцира кандидатот за претседател Ѓорге Иванов.
Ги повика граѓаните во недела масовно да излезат на избори и да го дадат својот глас за иднината на Македонија.
-На 27 април зависи каква Македонија ќе оставиме за нашите деца. Затоа ве повикувам масовно да излеземе на 27 април. Да излеземе масовно и да гласаме за иднината на Македонија. Ве повикувам, да го направите вистинскиот избор да направите разлика. Разликата ја видоа граѓаните, ја препознаа и на 13 април го дадоа својот глас. На 27-ми да имаме победа и на претседателските и на парламентарните избори. Да го задржиме темпото, да го задржиме континуитетот, да го поттикнеме успехот и просперитетот на Република Македонија, им порача Иванов на граѓаните од скопски Центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево