
Мирен Велигден на Токсикологија. За разлика од претходните години кога биле третирани и по 30-тина прејадени и препиени граѓани овој продолжен празничен викенд помош на клиниката побарале само тројца пациенти кои претерале со мрсна храна и јајца во комбинација со алкохол.
-Комбинирани се сите три случаи од алкохол и прејаденост. Возраста на пациентите е од 15 до 55 години, вели д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија.
Лекарите апелираат граѓаните и денеска да јадат и пијат умерено за да не завршат на Клиника.
-Со оглед дека и денеска е неработен ден да не претеруваат, вели д-р Беќаровски.
Од друга страна Инфектолозите предупредуваат велигденските јајца да се јадат до третиот ден од варењето и бојадисувањето за да не се избегне труење.
Извор: Сител
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


