| четврток, 6 декември 2018 |

Со „тоблероне“ се заканувал дека ќе го сруши авионот

toblerone-0b7c29e2

Судот му суди на млад Финец кој се обидел да изведе „киднапирање“ на авион користејќи чоколадо Тоблероне како „меч“ барајќи да патува во Сочи, како би ги гледал Зимските Олимписки игри.
Дваесетитри годишниот Анти Оскари Манселиус замотал две кебиња од економската класа околу главата, а третото го носел како наметка, кога започнал да мафта со чоколадата Тоблероне „како со меч“ и се упатил кон пилотската кабина. Лажно се заканил со бомба на летот од Амстердам до Хонг Конг на 14. февруари и рекол дека ќе го киднапира авионот.

Минатата недела се одржала парницата за овој инцидент каде Манселиус рекол дека не е виновен за своето однесување и дека само се обидувал да ги забавува останатите патници со своите шеги.

Две стјуардеси од тој лет сведочеле на ова судење.

„Беше бесен. Мислев дека ќе го загрози летот“ – рекла едната стјуардеса.

Таа додала дека патникот не бил насилен и дека само мафтал со споменатата чоколада Тоблероне.

Сепак, на Манселиус му биле ставени полициски лисици на рацете по наредба на капетанот во авионот.

Откако доручекот бил послужен, Манселиус заспал, а по слетувањето во Хонг Конг бил уапсен и испратен во психијатриски центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top