| четврток, 6 декември 2018 |

Киев бара помош од Русија за смирување на тензиите во Славјанск

Crisis in Ukraine - Clashes

Украинското Министерство за надворешни работи денеска ја повика Русија да го искористи своето влијание врз проруските сепаратисти во источно украинскиот град Славјанск, со цел „да ги ослободат противзаконски заземените згради, да ги деблокираат патиштата, да го предадат оружјето и да не дозволат крвопролевање“.

Тензиите во Славјанск, кој важи за главно упориште на проруските сепаратисти во источна Украина, доплнително ескалираа минатата ноќ кога засега непознати лица нападнаа контролен пункт на еден од северните приод кон градот, при што загина тројца локални жители и двајца напаѓачи.

Самопрогласениот градоначалник на Славјанск, Вјачеслав Пономарјов денеска ја повика Русија да интервенира „за да ги заштити оние кои се борат против украинските националисти“. Тој нагласи дека локалното населние е загрозено е припадници на украинската екстремнодесничарска националистичка организација „Десен сектор“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top