Реката Пчиња се излеа на потегот кај кумановско Пелинце, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Од таму велат дека на терен се распоредени 1000 вреќи со песок, за да се превенира уништување на имотите на граѓаните.
Исто така се излеа и реката Кумановска кај местото Средорек каде исто така се распоредени 1000 вреќи со песок.
Поплави има и во Кочанско кои прават проблеми кај оризовите полиња, но куќите не се загрозени.
Сите подрачни одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување во загрозените региони ги следат состојбите со водотеците и се подготвени да интервенираат и помогнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.