| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски со велигденска честитка до католиците во Македонија: Овој ден е ден на радоста

никола груевски1

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски испрати честитка до Скопскиот бискуп и апостолси егзарх во Република Македонија и до сите верници со католичка вероисповед.

„Со голема чест и радост на овој ден, во свое име и во име на Владата на Република Македонија, Вам лично, на Вашето ценето свештенство и монаштво и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, Ви го честитам христијанскиот празник – Велигден.

Овој ден, кој е од Бога создаден, е ден на радоста. Велигден е празник кога се слави добрината, човекољубието и ја симболизира солидарноста и толеранцијата. Ова се вредности кои се универзални и потребни насекаде и во полза на секому. Затоа Велигден е празник кој во себе ги содржи овие принципи и вредности и токму затоа неговата важност е голема и значајна. Саможртвата на нашиот Бог не учи дека праведноста, чесноста и вербата се работи кои не придвижуваат напред, истрајноста и држењето до тие принципи е она што носи развој и просперитет. Јас верувам дека сите ние како христијани, ќе продолжиме да го следиме тој пат, ќе продолжиме да ги шириме христијанските вредности, љубовта, толеранцијата и соживотот помеѓу луѓето.

Нека Бог ни принесе мудрост, добрина и меѓусебно разбирање !

Нека се среќни Велигденските празници и нека Божјата благодет биде постојано со нас, со нашите граѓани, со Македонија!

Нека е за многу години големиот празник !

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА !

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top