| четврток, 6 декември 2018 |

Берово бележи рекордна посетеност за празниците

wonderful-berovo-lake

Беровско езеро

Берово бележи рекордна посетеност за велигденските празници. Голем број домашни и странски туристи  ги исполнија сместувачките капацитети во Берово и викендиците во туристичките населби покрај Беровското езеро. Најмногубројни се гостите од Скопје и Струмица, но ги има и од Охрид, Штип, Прилеп и од другите краеви на Македонија. По бројот на извршените резервации во хотелите од странските посетители на Малешевијата најбројни се тие од соседна Република Бугарија.

Најголема атракција е традиционалниот натпревар во кршење велигденски јајца и избор на „Малешевски велигденски качор“. На учесниците и на победниците во натпреварот Црковниот одбор и Советот на Општината ќе им ги доделат традиционалните велигденски признанија и награди.

– Ако се суди според интересот за велигденските празници годинава Берово и Малешевијата ќе имаат рекордна посетеност и богата туристичка жетва, вели Слободанка Бундевска.

Првиот човек на Општината, Драги Наџински, најави дека за беровчани и нивните гости локалната самоуправа, Градскиот музеј, Домот на културата и КУД „Димитар Беровски“ организираат повеќе културно-забавни приредби: изложби, концерти, фолклорни ревии.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top