Полицијата на Јужна Кореја доцна синоќа го уапси капетанот на траектот што во средата се преврти на 25 километри од југозападниот брег на Јужна Кореја, при што загинаа најмалку 29 лица, а 273 се водат за исчезнати.
Апсењето уследи откако јужнокорејското Јавно обвинителство вчера побара издавање судски налог за апсење на капетанот Ли Џонг-Сок и на уште двајца други членови на екипажот на траектот.
Обвинителството соопшти дека ја испитува претпоставката оти до трагедијата дошло кога траектот нагло завртел, при што бродот се навалил повеќе од дозволеното и се превртил. Покрај ова, се испитува и дали постапката за евакуација на патниците била спроведена навремено и согласно правилата, како и тврдењата на некои патници дека 69-годишниот капетан Ли меѓу првите го напуштил фериботот.
Спасувачките екипи, кои досега открија 29 удавени патници на бродот, соопштија дека забележале уште три тела во една патничка кабина, нагласувајќи дека сепак не се во можност да дојдат до нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре