Со 34 проценти жени во парламентот, Македонија се најде на врвот во регионот. Жените добија свое место во политиката. Дека жената знае да се жртвува за кариерата покажале многу случаи во реалноста. Се сеќаваме на европарламентарката што со своето дете одеше на седници, не дозволувајќи мајчинството да ѝ влијае на кариерата, но ниту на детето да му недостига мајката. Таков пример во земјава беше и сега веќе покојната Габриела Коневска – Трајковска, вицепремиерка за евроинтеграции. Таа набрзо по породувањето се појави во Собрание, се појави на конститутивна седница. Дел од пратеничките поминаа низ лош период во семејството, пред сѐ поради посветеноста на кариерата. Дел од пратеничките се разведоа, а голем е бројот на разведени жени во политиката, кои се од албанска национална припадност, иако, според статистиката, кај нив разводите се многу поретки.
До пред десетина години жените во Собраниеto можеа да се избројат на прсти. Сега тоа е променето. Со цел унапредување на вклученоста на жените во процесите на донесување одлуки на национално и на локално ниво, во законската регулатива во Македонија се воведоа афирмативни мерки (квота). Во 2002 година беше донесен Законот за избор на пратеници, а две години подоцна Законот за локална самоуправа во кои беа пропишани квоти од минимум 30 проценти учество на обата пола на кандидатските листи за избор на пратеници и на советници. Меѓутоа тоа не беше доволно за да се зголеми и унапреди учеството на жените, вметнувањето на квотите во законската регулатива не го даде очекуваниот резултат. Затоа, се бараше ново законско решение, кое ќе придонесе кон уште поголема застапеност на жените во парламентот и во советот на единиците на локалната самоуправа. Во 2006 година, со донесувањето на Изборниот законик, законодавецот предвиде одредба (член 64, став 5) со која на кандидатските листи за избор на пратеници и на советници во општините и во град Скопје, во поднесената листа на кандидати на секои три места едно место треба да му припадне на помалку застапениот пол.
Македонија на самиот врв во регионот
Со 34,1 проценти жени во републичкото Собрание, Македонија е во самиот врв во регионот според застапеноста на жените во парламентот, велат податоците на Интерпарламентарната унија. Според застапеноста на жените во парламентот, Македонија е на 22. место во светот.
Србија има 33,2 проценти жени во Народното собрание, веднаш зад Македонија, и е на 24. место во светски рамки. Македонија и Србија се пред Франција и Швајцарија, кои имаат по 26, односно 29 проценти учество на жените во парламентот. Во Русија тој процент изнесува 13,6.
ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ со најмногу жени на водечките позиции
Каква е состојбата сега? Во кандидатските листи на седум политички партии има 276 жени. Зедовме предвид четири македонски и три албански партии, кои учествуваат на изборите. Најмногу жени на својата листа има партијата на Стевче Јакимовски, ГРОМ, 48. Но таму нема ниту една жена што е носител на листа. Жени што се носители на листи немаат ниту ДУИ ни Алијанса за позитивна Македонија. За разлика од нив, албанската НДП има две носителки на листи, а ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ по една.


Минати резултати и сегашни листи
Во минатиот состав во Собранието имаше 42 жени. Во согласност со резултатите од минатите избори, тоа би значело дека годинава таа бројка може незначително да се намали. Мора да се нагласи дека во согласност со последните анкети пред претстојните парламентарни избори закажани за 27 април, довербата на граѓаните во владејачката партија е значително зголемена.
ВМРО-ДПМНЕ минатите избори во првата изборна единица добила девет пратенички места, што во овој случај би значело влез на пет жени од ВМРО-ДПМНЕ од оваа изборна единица. Мора да се земе предвид дека овие бројки би се промениле, со оглед на тоа дека партијата што ќе победи, најчесто, носителите на листи и дел од водечките позиции на тие листи ги прераспределува во министерства. Од втората изборна единица, пак, доколку се земат предвид резултатите од минатите избори, од оваа партија би влегле три жени, од третата четири, од петата две и од шестата една.
СДСМ, пак, во согласност со резултатите од минатите избори, од првата изборна единица би имал четири жени, од втората три, од третата две, од четвртата три, од петтата две, а од шестата изборна единица не би имал ниту една пратеничка.
ДУИ, пак, во согласност со резултатите во 2011 година, но и тука мора да се нагласи дека довербата на Албанците во ДПА се зголемува на сметка на ДУИ, од првата изборна единица би имала една пратеничка, од двојка едно пратеничко место резервирано за припадничка на понежниот пол, од тројка и од четворка не би имала ниту еден пратеник, во петка ниту една пратеничка, а од шестка три пратенички.
ДПА би имала само една пратеничка од шестката, а НДП ниту една.

(Пишува: Билјана Зафирова | Фото: Ѓорѓи Личовски
Текст објавен во 84. број на неделникот „Република“, 11.04.2014)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


